Иран заплени странски танкер под сомнение за шверц на гориво
- Воената морнарица на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) заплени странски танкер во Персиски Залив, под сомнение за шверц на околу 4.000 тони гориво
Техеран, 25 декември 2025 (МИА) - Воената морнарица на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) заплени странски танкер во Персиски Залив, под сомнение за шверц на околу 4.000 тони гориво.
Танкерот и неговиот нелегален товар се конфискувани, а 16 членови на екипажот се приведени.
Како што јави Иранската новинска агенција (ИРНА) горивото на танкерот било натоварено со чамци и требало да се дистрибуира до бродовите откако товарниот брод ќе го напушти Персиски Залив.
Но, не е наведено под кое знаме пловел танкерот, ниту националноста на членовите на екипажот. ми/
фото: