Во напад во североисточен Либан убиен командант на силите Кудс, соопштија ИДФ и Шин Бет
- Израелските одбранбени сили (ИДФ) и безбедносната служба Шин Бет соопштија дека утрово, во напад во североисточен Либан, е убиен висок командант на Оперативната единица на иранските сили Кудс, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Тел Авив, 25 декември 2025 (МИА) – Израелските одбранбени сили (ИДФ) и безбедносната служба Шин Бет соопштија дека утрово, во напад во североисточен Либан, е убиен висок командант на Оперативната единица на иранските сили Кудс, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Силите Кудс се вонтериторијално крило на Иранската револуционерна гарда. Либанската агенција ННА претходно јави дека две лица загинале во израелски напад со дрон врз возило на патот што води кон границата со Сирија.
Во соопштението на Израел се наведува дека цел на нападот бил Хусеин Махмуд Маршад ал-Џавхари, кој во последните години бил „клучен терорист во силите Кудс (Единица 840), одговорен за организирање и надгледување на иранските терористички активности против Израел“.
„Тој дејствуваше под иранската Револуционерна гарда, спроведувајќи терористички активности предводени од Иран против Израел и неговите безбедносни сили од Сирија и Либан“, се вели во соопштението на ИДФ. јт/