• четврток, 21 ноември 2024

Иран го обвинува Израел за смртта на генерал на Револуционерната гарда во нападот во Дамаск

Иран го обвинува Израел за смртта на генерал на Револуционерната гарда во нападот во Дамаск

Дамаск, 1 април 2024 (МИА) – Генерал во иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Мохамад Реза Сахеди, е убиен денеска во, како што го нарече Иран, израелски напад врз зградата на неговиот конзулат во Дамаск, објави иранското државно радио.

Како што пренесува ДПА, повикувајќи се на иранската новинска агенција Тасним, Сахеди бил одговорен за операции во Сирија и Либан.

Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) го потврди убиството на водачот на силите Кудс, еден од петте ограноци на ИРГЦ.

Според прелиминарните информации, во нападот се убиени и двајца ирански советници и пет членови на ИРГЦ. Тоа беше втор ден по ред како Израел, наводно, нападнал сириска територија.

Според иранската државна телевизија, резиденцијата на амбасадорот Хусеин Акбари се наоѓала во приземјето на погодениот дел од зградата. Сепак, дипломатот и неговото семејство не се повредени, се вели во соопштението. Поради верскиот празник, се верува дека таму немало ниту еден вработен.

Денешниот напад уништи анекс до иранската амбасада што служел како конзулат во населбата Ал Мезе во западен Дамаск, јави сириската државна новинска агенција САНА. На фотографии објавени на социјалните мрежи се гледа чад и остатоци до главната зграда на иранската амбасада.

- Околу 17 часот оваа вечер (14:00 часот по Гринич), израелскиот непријател почна воздушна агресија од правец на окупираниот сириски Голан, гаѓајќи ја зградата на иранскиот конзулат во Дамаск, соопшти агенцијата, цитирајќи сириски воен извор кој додал дека противвоздушна одбрана соборила некои од ракетите.

Израелските воздухопловни сили постојано бомбардираат цели во соседна Сирија во обид да го спречат Иран и неговите сојузнички милиции, како што е либански Хезболах, да го прошират своето воено влијание во земјата.

Нападите се интензивирани од почетокот на војната во Газа пред речиси шест месеци. Сирија доцна синоќа соопшти дека Израел нападнал област во близина на Дамаск со четири проектили, при што биле ранети двајца цивили.

Повеќе од 50 луѓе беа убиени во петокот во воздушни напади во северозападната сириска провинција Алепо. Според СОХР, повеќето од жртвите биле сириски воен персонал. Мешу жртвите имало и припадници на шиитската милиција Хезболах, поддржана од Иран. јт/

Фото: Х

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан