• понеделник, 30 декември 2024

Иран ги повика на разговор амбасадорите на Велика Британија, Франција, Германија и Холандија

Иран ги повика на разговор амбасадорите на Велика Британија, Франција, Германија и Холандија

Техеран, 12 септември 2024 (МИА) – Министерството за надворешни работи на Иран денеска на разговор ги повика амбасадорите на Велика Британија, на Франција, на Германија и на Холандија, откако тие земји го обвинија Техеран дека испорачувал балистички проектили во Русија и најавија нови санкции.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека Русија добила балистички ракети од Иран и најверојатно ќе ги употреби во војната против Украина во рок од неколку недели.

САД, Велика Британија, Германија и Франција претходно најавија нови санкции против Техеран, вклучително и против националниот авиопревозник „Иран Ер“.

Кремљ изјавата на Блинкен ја оцени како неоснована, додека Иран ја нарече „лажна и погрешна“ и ги осуди новите санкции. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан