• вторник, 30 април 2024

Иран ги повика амбасадорите на Велика Британија, Франција и Германија поради критиките за нападот врз Израел

Иран ги повика амбасадорите на Велика Британија, Франција и Германија поради критиките за нападот врз Израел

Техеран, 14 април 2024 (МИА) – Министерство за надворешни работи на Иран денеска ги повика амбасадорите на Велика Британија, Франција и Германија поради нивниот „неодговорен став“ за синоќешните напади врз Израел.

- Тројцата европски дипломати беа поканети во МНР по неодговорните ставови на некои функционери на тие земји во однос на одговорот на Иран на низата дејствија на ционистичкиот режим против граѓаните и интересите на нашата земја, се наведува во соопштението на иранското МНР.

Лондон, Париз и Берлин го осудија иранскиот напад врз Израел.

Директорот за Западна Европа во иранското МНР ги обвини трите земји за „двојни стандарди“ затоа што претходно се спротивставија на руската нацрт-изјава во Советот за безбедност на ОН, со која се осудуваше израелскиот напад врз Конзулатот на Иран во Сирија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан