• четврток, 26 март 2026

Иран ги отфрла „истрошените“ европски закани за санкции

Иран ги отфрла „истрошените“ европски закани за санкции

Техеран, 18 јули 2025 (МИА) – Иран ги критикуваше европските закани за санкции поврзани со преговорите за нуклеарната програма на Техеран како неодговорни.

Париз, Лондон и Берлин треба „да ги отфрлат истрошените политики на закани и притисок“, напиша денеска на Х иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

Таканаречените земји Е3 – Германија, Франција и Велика Британија – му се заканија на Иран со повторно воведување строги санкции доколку не се постигне конкретен напредок во врска со нов нуклеарен договор во наредните месеци.

Договорот од Виена од 2015 година за иранската нуклеарна програма формално истекува овој октомври. Како ко-потписници, трите европски земји имаат опција да го користат таканаречениот механизам „snapback“ за повторно воведување претходни и построги санкции на ОН против Иран, пренесе ДПА.

САД и Иран неодамна одржаа неколку рунди преговори, пред тие да бидат прекинати од иранско-израелската војна, во која САД исто така нападна ирански нуклеарни постројки.

Во моментов нема конкретен датум за нови преговори. Целта е да се ограничи нуклеарната програма на Техеран за да се спречи развој на нуклеарно оружје. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан