• недела, 22 декември 2024

Иран ги отфрла европските повици за воздржаност

Иран ги отфрла европските повици за воздржаност

Техеран, 13 август 2024 (МИА) - Иранското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека повикот на Франција, Германија и Велика Британија за воздржаност во нападот на Израел „нема политичка логика“ и „се коси со принципите на меѓународното право“.

-Без никакви приговори за злосторствата на ционистичкиот режим (Израел), изјавата на Е3 дрско бара Иран да не реагира на кршењето на неговиот суверенитет и територијален интегритет, рече портпаролот на министерството Насер Канани, пренесоа британските медиуми.

Тој ги повика Париз, Берлин и Лондон „еднаш засекогаш да застанат против војната во Газа и против Израел“.

Техеран и неговите сојузници Хамас и либанската шиитска група Хезболах го обвинија Израел за убиство на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, додека израелската влада не ја презеде одговорноста.

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден и лидерите на Франција, Германија, Италија и Велика Британија вчера издадоа заедничка изјава во која го повикаа Иран да се „откаже“ од заканите за напад на Израел.

Во заедничката изјава објавена, лидерите на сите пет земји ја изразија својата поддршка за повикот на САД, Катар и Египет за продолжување на преговорите за прекин на огнот во Газа со цел да се постигне договор што е можно поскоро. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан