• понеделник, 25 ноември 2024

Иран брише четири нули од ријалот, го менува и називот на службената валута

Иран брише четири нули од ријалот, го менува и називот на службената валута
Техеран, 4 мај 2020 (МИА) - Иранскиот Парламент усвои предлог закон кој предвидува бришење на четири нули од ријалот и промена на називот на службената валута во томан, јавија денеска државните медиуми. Предлогот за бришење на четири нули во оптек е од 2008 година, а повторно се интензивира во 2018 година откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно воведе санкции против Иран, откако САД се повлекоа од договорот за иранската нуклеарна програма кој беше потпишан во 2015 година. Ријалот тогаш ослабе 60 отсто, што заедно со високата инфлација предизвика повеќе протести. Иранската новинска агенција ИСНА денеска јави дека Парламентот одобрил предлог закон за бришење на четири нули, кој мора да го одобри и исламскиот Совет на чувари. Службената валута во иднина ќе биде томан кој ќе има 10.000 ријали. До сега томанот беше пониска парична единица - еден ријал имаше 100 томани. Државната телевизија информира дека централната банка на Иран ќе има рок од две години да го смени називот на валутата. јт/

Остани поврзан