• четврток, 04 декември 2025

Иранскиот парламент го отфрли продолжувањето на преговорите со САД додека не се исполнат предусловите

Иранскиот парламент го отфрли продолжувањето на преговорите со САД додека не се исполнат предусловите

Техеран, 16 јули 2025 (МИА) - Иранскиот парламент денеска соопшти дека Техеран не треба да ги продолжи преговорите за својата нуклеарна програма со САД се додека не се исполнат предусловите, објави иранската агенција ИСНА.

Парламентот во соопштението не наведе кои предуслови треба да бидат исполнети.

Преговорите меѓу Иран и САД за нуклеарната програма на Иран беа прекинати откако Израел го нападна Иран на 13 јуни.

Иранските и американските претставници требаше да се сретнат во Оман на 15 јуни за нови рунди разговори за нуклеарната програма на Иран.

Иран тврди дека развива нуклеарна програма исклучиво за цивилни цели.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан