• недела, 22 декември 2024

Иранската револуционерна гарда ќе се одмазди за убиството на генерал Сулејмани

Иранската револуционерна гарда ќе се одмазди за убиството на генерал Сулејмани
Техеран, 3 јануари 2020 (МИА) - Исламската револуционерна гарда и антиамериканските сили во муслиманскиот свет ќе бараат одмазда за нападот врз лидерот на иранската елитна бригада Ал Кудс, генералот Касем Сулејмани, изјави денеска портпаролот на Гардата, Рамазан Шарих. - Исламската револуционерна гарда, мудрата иранската нација и отпорот во муслиманскиот свет ќе се одмаздат на пролеаната крв на овој маченик, истакна Шарих алудирајќи на Сулејмани. Тој додаде дека „радоста на ционистите и на Американците брзо ќе премине во тага“. ми/

Остани поврзан