• среда, 15 мај 2024

Иранската глумица Таране Алидости објави слика без марама

Иранската глумица Таране Алидости објави слика без марама

Техеран, 10 ноември 2022 (МИА) - Познатата иранска актерка Таране Алидости на Инстаграм објави своја фотографија без марама на главата, заради солидарност со антивладините демонстрации.

Протестите за смртта на Махса Амини, инаку, влегуваат во седмата недела. Глумицата, можеби најпозната по улогата во оскаровецот „Трговски патник“ од 2016 година, на сликата држи натпис: „Жена, живот, слобода“, што стана вообичаен слоган меѓу демонстрантите. Според тамошните активисти за човекови права, во протестите се убиени најмалку 328 лица, а приведени се околу 14.800 луѓе. Алидости е една од најуспешните ирански глумици и има повеќе од осум милиони следачи на Инстаграм. Таа рече дека ќе остане во Иран по секоја цена и ја прекинува кариерата за да ги поддржи семејствата на загинатите во протестите.  си/сд/

Остани поврзан