• петок, 05 декември 2025

ИОМ: Во бродолом крај либискиот брег загинаа 42 мигранти 

ИОМ: Во бродолом крај либискиот брег загинаа 42 мигранти 

Триполи, 12 ноември 2025 (МИА) - Меѓународната организација за миграција на ОН денеска соопшти дека 42 лица загинале откако брод со повеќе десетици мигранти на 3 ноември потонал покрај либискиот брег, јавија француските медиуми.

Според организацијата, само седум мигранти од бродот биле спасени. Бродот превезувал вкупно 49 мигранти - 47 мажи и две жени. Тој отпловил од брегот кон Либија пет дена пред трагедијата.

На 8 ноември, либиските власти спроведоа операција за пребарување и спасување, за време на која беа пронајдени преживеаните. Останатите 42 лица се водат како исчезнати и се претпоставува дека се мртви.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан