• среда, 10 јули 2024

ИН МЕМОРИАМ: Почина Војислав Зивчевиќ

ИН МЕМОРИАМ: Почина Војислав Зивчевиќ
Скопје, 21 мај 2021 (МИА) – Ноќеска на 60-годишна возраст почина поранешниот македонски кошаркар Војислав Зивчевиќ – Тумба. Најголемиот дел од својата кариера Зивчевиќ ја помина во дресот на МЗТ Скопје, а играши и за Работнички, Вардар Кочани Деликатес и Николферт Гостивар. Зивчевиќ своевремено беше еден од носителите на играта во периодот кога МЗТ Скопје се бореше за влез и настапуваше во Првата лига на СФРЈ, која беше меѓу трите најдобри во Европа. зс/

Остани поврзан