• среда, 15 мај 2024

Инциденти меѓу студентите и полицијата во центарот на Атина

Инциденти меѓу студентите и полицијата во центарот на Атина

Атина, 8 март 2024 (МИА) - Инциденти со молотови коктели, солзавец и шок бомби се случија во центарот на Атина пред грчкиот Парламентот за време на протестот на студентите против законот за приватните факултети, јави дописничката на МИА од Атина.

Дел од демонстрантите кон полицијата фелија молотови коктели, камења и разни предмети, по што полицајците одговорија со солзавез, шок бомби, но интервенираа и со пендреци.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, најмалку тројца студенти се повредени. 

По инцидентите протестот продолжи, а студентите остануваат пред грчкиот Парламентот, каде што е во тек расправата за законот за приватните факултети што ќе се гласа вечерва. ср/мс/

фото: МИА

Остани поврзан