• понеделник, 23 декември 2024

Инфлацијата во јануари намалена во однос на декември

Инфлацијата во јануари намалена во однос на декември

Скопје, 14 февруари 2024 (МИА) - Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари во однос на декември лани е намалена за 0,3 проценти, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Намалувањето, според Државниот завод за статистика, е резултат на намалувањето на трошоците на животот кај транспорт за 4,9 проценти, облеката и обувките за еден процент, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,8 проценти и рекреација и култура за 0,7 проценти.

Зголемување на трошоците на животот е забележано кај алкохолните пијалаци и тутунот за 1,5 проценти, рестораните и хотелите за 1,3 проценти, мебелот, покуќнината и одржувањето на домаќинствата за 0,6 проценти....

Намалување од 1,2 проценти е забележано и кај цените на мало во однос на декември лани.

Во однос на јануари лани, трошоците на живот се зголемени за 3,2 проценти, а цените на мало за 2,8 проценти. бак/са/

Фото: МИА архива  

Остани поврзан