• понеделник, 23 декември 2024

Инфинеон Технолоџис Австрија, член на IPCEI Microelectronics, обезбеди електронски развојни плочки за ФЕИТ

Инфинеон Технолоџис Австрија, член на IPCEI Microelectronics,  обезбеди електронски развојни плочки за ФЕИТ
Австриската компанија за полупроводнички елементи Инфинеон Технолоџис Австрија (www.infineon.com/ipceimeaustria) обезбеди 135 развојни плочки за потребите на студентите во наставата и истражувачката работа на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ во рамките на иницијативата на ИПЦЕИ Микроелектроника (англ. IPCEI Microelectronics). Целта на поддршката е да се подобри квалитетот на наставниот процес за студентите и нивната практична работа. Соработката меѓу компанијата и Факултетот се базира на долгорочна основа, вели проф. д-р Катерина Ралева од Институтот за електроника при ФЕИТ. „Со Инфинеон Технолоџис Австрија соработуваме околу 10-тина години, кога наши студенти почнаа да одат на пракса во компанијата во Австрија. Нашата соработка се продлабочува благодарение на програмата “IPCEI Microelectronics”. Она што нам ни е важно е дека нашите студенти добиваат квалитетна настава и можност да се снајдат во реални компании и со реални задолженија. Со тоа се зголемува нивната конкурентност и се докажува дека и нашиот факултет создава квалитетни и конкурентни студенти кои може да се носат со светските предизвици во електрониката“, вели Ралева. За Стојан Матески, инженер за валидација на компоненти во Инфинеон Технолоџис Австрија и амбасадор на Инфинеон Австрија за ФЕИТ, оваа позната компанија ги поддржува квалитетните студенти на ФЕИТ. „Речиси 15 наши колеги беа практиканти во Инфинеон Технолоџис, и повеќето од нив веќе денес работат во компанијата. Поради ова, Инфинеон радо ја прифаќа оваа соработка и се радува на понатамошни соработки и активности. Со оваа инвестиција ја поддржуваме наставата на идните STEM1) експерти. Сите ние кои работиме надвор од Македонија, знаеме дека е потребна ваква соработка и поради тоа сакаме да инвестираме и да вратиме на нашата заедница“, вели Матески. Во иднина, врз база на меѓусебен договор, оваа соработка меѓу Инфинеон Технолоџис и Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се зголемува. Инфинеон Технолоџис Австрија е дел од “Важниот проект за заеднички европски интерес во микроелектрониката” (англ. IPCEI Microelectronics). Овој проект ја поткрепува европската индустрија за микроелектроника и е насочен кон унапредување на микроелектронската технологија насекаде низ Европската Унија. “IPCEI Microelectronics” е одобрена од Европската Комисија во декември 2018 и ќе биде активна до март 2024.     Infineon Technologies AG: https://www.infineon.com/cms/en/ Infineon in IPCEI on Microelectronics: https://www.infineon.com/cms/austria/en/IPCEI-on-ME/#Overview IPCEI on Microelectronics: https://www.ipcei-me.eu/ Contact person from Infineon Austria: Alexandra.Wachschuetz@infineon.com   1) STEM : Наука, Технологија, Инженерство и Математика (англ. Science, Technology, Engineering and Math)      

Infineon Technologies Austria, an IPCEI Microelectronics member, provided FEEIT with electronic development boards

 

The semiconductor company Infineon Technologies Austria (www.infineon.com/ipceimeaustria) provided 135 development boards for students’ needs for education and research at the Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies – FEEIT within the scope of the IPCEI Microelectronics initiative. The purpose of this support is to improve the quality of students' teaching process and their practical work. 

The cooperation between the company and the faculty is established on a long-term basis, says Professor Dr. Katerina Raleva from the Institute of Electronics at FEEIT. 

“We have been cooperating with Infineon Technologies Austria for around 10 years, when our students started doing their internship in the company in Austria. Thanks to IPCEI Microelectronics, we are now boosting our cooperation. The most important thing for us is that our students receive high quality education, and opportunity to cope with real tasks and in real companies. That increases their competitiveness and proves that also our faculty produces high quality and competitive students who can deal with world challenges in electronics”, says Raleva. 

According to Stojan Mateski, Component Validation Engineer at Infineon Technologies Austria and Infineon’s Austria ambassador at FEEIT, this renowned company supports the high quality students at FEEIT. “At least 15 of our colleagues were interns at Infineon Technologies Austria, and most of them are already employed in the company. Infineon therefore very much welcomes this cooperation and looks forward to further collaboration and activities. With this investment, we support the education of future STEM1) experts. All of us who work outside of Macedonia know that this kind of cooperation is needed, and therefore we want to invest and give back to our community”, says Mateski. 

The cooperation between Infineon Technologies Austria and the Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies will increase in the future based on a mutual agreement. 

Infineon Technologies Austria is part of the Important Project of Common European Interest on Microelectronics (IPCEI). This project is underpinning Europe’s microelectronics industry and is geared towards advancing microelectronics technology across the EU. The IPCEI Microelectronics was approved by the European Commission in December 2018 and will run until March 2024.

Infineon Technologies AGhttps://www.infineon.com/cms/en/

Infineon in IPCEI on Microelectronics: https://www.infineon.com/cms/austria/en/IPCEI-on-ME/#Overview

IPCEI on Microelectronics: https://www.ipcei-me.eu/

Contact person from Infineon AustriaAlexandra.Wachschuetz@infineon.com

 

1) STEM : Science, Technology, Engineering and Math

_____________________________________________   MИА - ОТС Комерцијални соопштенија   Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан