Меѓународно признание за иницијативата GlobalEngineerGirls
Скопје, 13.12.2024– Иницијативата Global Engineer Girls (GEG)на Групацијата Лимак ја освои наградата Партнерство за одржливост за 2024 година, организирана од Глобалниот договор на Обединетите нации. Наградата беше доделена во категоријата „Луѓе“ и претставува меѓународна потврда за успешните активности што Групацијата Лимак ги реализира за зголемување на учеството на жените во областа на науката, технологијата и инженерството - СТЕМ области, придонесувајќи кон остварувањето на целите за одржлив развој.
Global Engineer Girls е меѓународна филантропска иницијатива, која започна да се спроведува во 2015 година во Турција, а во 2022 година ги прошири своите активности и во други земји, вклучително и во Северна Македонија, трансформирајќи се во меѓународна програма. Главна инспирација за нејзиното покренување беше организациската култура на Групацијата Лимак за зголемување на застапеноста на жените во СТЕМ областите.
Иницијативата GEG има за цел да го зголеми учеството на жените во професии и индустрии кадешто тие се традиционално помалку застапени и да ја зголеми родовата еднаквост во општеството. Проширувајќи го опсегот на своето делување, иницијативата го зголемува своето влијание и обезбедува поддршка на одржливиот развој на глобално ниво.
Од почетокот на реализацијата на инцијативата во нашата земја, Global Engineer Girls North Macedonia обезбеди поддршка за 54 студентки запишани на електротехничките, машинските, градежните и факултетите за информатички технологии на државните универзитети од целата земја. Поддршката што GEGNorthMacedoniaим ја дава на идните жени-инженери, покрај стипендии, вклучува и можности за практикантска работа, учество во менторска програма и обуки за развој на дигитални и друг вид „меки“ вештини.
____________________________________________
MИА - ОТС Комерцијални соопштенија Напомена: Оригинален текст.
За содржината е одговорен нарачателот.