• недела, 22 декември 2024

Инфантино ги осуди хомофобичните скандирања на натпреварот САД – Мексико

Инфантино ги осуди хомофобичните скандирања на натпреварот САД – Мексико

Цирих, 26 март 2024 (МИА) - Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) Џани Инфантино, ги осуди хомофобичните скандирања на натпреварот меѓу репрезентациите на САД и Мексико.

Вчера во Арлингтон, селекциите на САД и Мексико (2:0) играа во финалето на Лигата на нации во КОНКАКАФ.

- Бев крајно разочаран од дискриминаторските скандирања што се слушаа за време на финалето на Лигата на нации во КОНКАКАФ меѓу Соединетите држави и Мексико, кои ќе бидат кодомаќини на Светското првенство во 2026 година. Овие скандирања доведоа до тоа натпреварот да се прекинува неколку пати во согласност со протоколот на ФИФА. Каква било дискриминација нема место ниту во фудбалот, ниту во општеството. Барам од властите да се погрижат одговорните да одговараат за своите постапки, рече Џани Инфантино. 

Судијата мораше два пати да го прекине натпреварот поради хомофобични скандирања на навивачите на Мексико кон голманот Мет Тарнер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан