Ковентри официјално ја презема функцијата претседател на МОК
- Кирсти Ковентри од Зимбабве официјално ја презеде функцијата вршител на должноста претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Лозана, 23 јуни 2025 (МИА) - Кирсти Ковентри од Зимбабве официјално ја презеде функцијата вршител на должноста претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Четириесет и едногодишната жителка на Зимбабве стана првата жена претседател во историјата на организацијата.
Ковентри го замени 71-годишниот Германец Томас Бах, кој го водеше ИОК од 2013 година. Таа победи на изборите во март 2025.
Ковентри е поранешна двократна олимписка шампионка во пливање (Атина 2004 и Пекинг 2008) и седумкратна светска шампионка. Таа претходно беше член на Извршниот одбор на ИОК и претседател на Комисијата за спортисти на организацијата. зс/
Фото: ЕПА