• петок, 05 декември 2025

Гвардиола за Гундоган: Исклучителен играч во секоја смисла

Гвардиола за Гундоган: Исклучителен играч во секоја смисла

Манчестер, 23 јуни 2025 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола искажа пофални зборови за фудбалерот од средниот ред Илкај Гундоган.

Гундоган ноќеска имаше одличен настап на натпреварот од групната фаза на Светското клупско првенство против Ал Аин (6:0).

-Илкај е исклучителен играч! Исклучителен во секоја смисла. Тој е многу, постигна фантастичен гол, знае што треба да правиме на секој натпревар. Навистина сум среќен, изјави Гвардиола за „Manchester Evening News“.

На натпреварот против Ал Аин, 34-годишниот Германец два пати се запиша во листата на стрелците - во 8. и 73. минута. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан