• недела, 19 мај 2024

Интер Мајами се договори за трансферот на Суарез

Интер Мајами се договори за трансферот на Суарез

Мајами, 4 ноември 2023 (МИА) - Интер Мајами се договори за трансферот на напаѓачот на Гремио, Луис Суарез. 

Според „ESPN“, страните ги договориле сите детали од договорот, кој ќе биде официјализиран во јануари, кога напаѓачот ќе стане слободен агент.

Претходно беше објавено дека 36-годишниот Уругваец сака да игра во истиот тим со Лионел Меси, Жорди Алба и Серхио Бускетс. Тие претходно заедно играа за Барселона.

Суарез оваа сезона настапи на 46 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 19 голови и 16 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан