• понеделник, 23 декември 2024

Интернетот корисна алатка која делчевските земјоделци ја користат за подобар пласман на производите

Интернетот корисна алатка која делчевските земјоделци ја користат за подобар пласман на производите
Делчево, 6 март 2022 (МИА) - Делчевските земјоделци се почесто го користат интернетот како алатка за полесен пласман на своите производи. Во однос на големиот број информации при набавка на суровините, интернетот исто така игра голема улога, а со лажните вести, како што вели Кирчо Јанковски, млад производител на вино од село Драмче, се справуваат на тој начин што ги следат оценките на повеќето купувачи по што формираат сопствена информација од каде да набават одреден производ, а притоа да не бидат оштетени. -Интернетот ни олеснува многу, бидејки за кратко време за суровини што имаме потреба да купиме, ги отвораме цените, во коментари гледаме дали се задоволни останатите клиенти кои купиле. На тој начин доколку оценката е добра, добиваме комплетна информација дали да го купиме тој производ, вели Јанковски. Младиот винар најчесто се информира преку електронските медиуми, а редовно добива информации и од класичните медиуми, особено за некои мерки кои се наменети за поддршка на земјоделците. -Иако следиме и телевизија и радио, на социјалните мрежи информациите во тој поглед се доста брзи. Барем лично за мене можам да кажам дека на време сум информиран кога има некој повик за одредена мерка, за која можам да аплицирам, кога има субвенции и слично, додава локалниот производител на вино. За квалитетот на неговото вино, неретко имаат прилика да се уверат и бугарските државјани, кои се чести гости на пазарот во Делчево. Давајки задоволителна оценка за квалитетот, тие посочија дека ќе го препорачаат и на други луѓе од соседството.вс/свс

Остани поврзан