• понеделник, 23 декември 2024

Интервентно чистење и дезинфекција на базените и доводните цевководи во Македонска Каменица

Интервентно чистење и дезинфекција на базените и доводните цевководи во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 7 ноември 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица во тек е интервентно чистење и дезинфекција на базените и доводните цевководи од системот за водоснабдување. Со активноста, како што соопшти градоначалникот Димчо Атанасовски, се опфатени сите приградски населени места во Стара Каменица и во село Дулица.

-Претходно, од страна на ЈП Камена Река, беше уреден и дополнително заштитен зафатот за вода на местото Јуручки гробишта во село Цера, активност со која успеавме значително да ги подобриме условите за постојано обезбедување на чиста и здрава вода за пиење, соопшти Атанасовски.

Сите овие работни активности, како што додаде, се спроведуваат во рамки на подготовките за пуштање во употреба на новата филтер станица во село Цера.

-Новата филтер станица во село Цера веќе е инсталирана и ќе биде ставена во функција веднаш по завршувањето на подготвителните работи. Со овој проект, потврдуваме дека грижата за здравјето на граѓаните во сите населени места е приоритет во нашето работење, додаде Атанасовски.

Потенцираше дека Општината ќе продолжи да вложува во унапредување на снабдувањето со квалитетна вода за пиење на сите жители на општина Македонска Каменица. вс/дма/


Фото: Општина Македонска Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан