• петок, 22 ноември 2024

Инстаграм jа тестира програмата „Јоти“ за проверка на возраста на корисниците

Инстаграм jа тестира програмата „Јоти“ за проверка на возраста на корисниците
Лос Анџелес, 23 јуни 2022 (МИА) - Инстаграм почна да тестира нови начини за проверка на возраста на корисниците, а меѓу нив е и алатка со вештачка интелигенција дизајнирана од компанија од трета страна. Станува збор за програмата „Јоти“ (Yoti) од истоимената компанија, којашто проценува колку години има човекот со скенирање на неговото лице и неколку години се користи од други компании. https://www.youtube.com/watch?v=vMdn9BmQOiM Официјално, Инстаграм може да го користат луѓе на возраст над 13 години, но компанијата со години не се обидува да го примени тоа правило. До 2019, корисниците не требаше да го внесат датумот на раѓање при регистрацијата, ниту пак, овој податок беше проверуван. Сепак, по притисокот од стручњаците за приватноста и безбедноста на децата, Инстаграм воведе повеќе проверки за возраста, како и методи за одвојување на помладите корисници од возрасните. Во мигов, Инстаграм бара од корисниците да ја потврдат нивната возраст само кога тинејџерите се обидуваат да го изменат својот датум на раѓање за да се претстават како 18-годишни или постари. За да се провери возраста, корисниците треба да испратат фотографија од личната карта, а Американците од денеска ќе имаат две дополнителни опции - социјална гаранција и проценка со вештачка интелигенција. Во случајот со првиот метод, Инстаграм ќе бара од тројца заеднички пријатели на корисникот да потврдат колку години има тој / таа, а и секој од нив мора да има над 18 години. Рокот за одговор на барањето на Инстаграм е три дена. Друг метод е да се испрати видео од себе до компанијата „Јоти“, која користи вештачка интелигенција и машинско учење за да ја процени возраста на луѓето. Системот „Јоти“ може да се тестира и на интернет, а компанијата тврди дека не задржува никакви податоци за своја полза. Новата технологија има одобрение и од британските и германските дигитални регулатори.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан