• петок, 28 јуни 2024

Инзаги: Лаутаро е еден од нашите лидери

Инзаги: Лаутаро е еден од нашите лидери

Милано, 19 февруари 2023 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги искажа пофални зборови за напаѓачот Лаутаро Мартинез.

Дваесет и петгодишниот Аргентинец на синоќешниот натпреварот против Удинезе (3:1) во игра влезе во 66. минута, а во 89. го постигна третиот гол за домаќините.

-Можеше да постигне уште еден гол, секогаш се стреми да даде максимум. Тој е еден од нашите лидери. Се врати од Светското првенство во одлична форма и се надевам дека ќе продолжи во истиот дух и во иднина, изјави Инзаги за „ИТАСпортПрес“.

По овој натпревар, Интер е втор во поредокот во Серија А со 47 бодови, 15 бода зад лидерот Наполи. Удинезе е на деветтото место со 30 бодови. зс/

Остани поврзан