• четврток, 27 јуни 2024

Инзаги: Интер демонстрираше сила и тимски дух во Неапол

Инзаги: Интер демонстрираше сила и тимски дух во Неапол

Неапол, 4 декември 2023 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, играта на синоќешната победа над Наполи со 3:0 ја нарече демонстрација на сила на неговиот тим.

- Првото полувреме започна многу добро и голот на Турам беше поништен поради благ офсајд. -Наполи е шампион на Италија, бевме во некоја опасност кога Политано ја погоди пречката и кога голманот Зомер не спаси, но генерално победата беше заслужена. Ова е наше петто гостување во последните шест натпревари, трето во една недела и ни требаше ваков настап. Ваквата победа во Неапол носи задоволство. Но, знаеме и дека поминаа само 14 кола, претстојат многу натпревари. Ова е демонстрација на сила и тимски дух. Кога ќе дојдете во Неапол, очекувате да наидете на проблеми. Сигурен сум дека сега медиумите ќе напишат „Интер нема конкуренти“, но во средата губевме 3:0 од Бенфика - а насловите беа поинакви, изјави главниот тренер на Интер за „DAZN“.

По 14 кола во Серија А, Интерсо 35 бодови е лидер на табелата, пред Јувентус со 33, Милан со 29, Рома има 24, исто толку и Наполи на петтата позиција. зс/ 

Фото: ЕПА

Остани поврзан