• четврток, 14 ноември 2024

Индискиот Институт за серум бара итно одобрување на вакцината на АстраЗенека

Индискиот Институт за серум бара итно одобрување на вакцината на АстраЗенека
Њу Делхи, 7 декември 2020 (МИА) - Институтот за серум во Индија, најголемиот светски производител на вакцини, бара итно одобрување на употреба на вакцината на АстраЗенека, изјави денеска извршниот директор на Институтот,  Адар Пунавала. Експиременталната вакцина на АстраЗенека може да се чува на температура од два до осум степени Целзиусови и полесно може да се распредели во Индија, која по САД има најголем број на заразени со Ковид-19. Барањето на Институтот уследи откако Фајзер во саботата упати слично барање за авторизација на својата вакцина. ми/

Остани поврзан