• недела, 24 ноември 2024

Републиканците освоија мнозинство врз Претставничкиот дом и целосна контрола на Конгресот на САД

Републиканците освоија мнозинство врз Претставничкиот дом и целосна контрола на Конгресот на САД

Вашингтон, 13 ноември 2024 (МИА) - Републиканската партија на претседателот Доналд Трамп ја задржа контролата врз Претставничкиот дом, објавија денеска Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си, една недела по изборната победа која му овозможи втор мандат.

Веќе беше познато дека Републиканците ќе ја имаат контролата врз Горниот дом - Сенатот, каде демократите претходно имаа тенко мнозинство под претседателството на Џо Бајден.

Со освојување на Претставничкиот дом, Трамп ќе има широка власт за спроведување на својата политичка агенда - вклучувајќи строга имиграциска политика и намалување на даноците - без поголема опозиција од демократите, наведува ДПА.

Процесот за потврда на владини службеници и судии ќе се забрза, отстранувајќи ја пречката за контролирање на авторитарните тенденции на Трамп, заклучува германската агенција. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан