• четврток, 25 април 2024

Изминатото деноноќие произведени 13.111 мегават часови електрична енергија

Изминатото деноноќие произведени 13.111 мегават часови електрична енергија
Скопје, 25 март 2023 (МИА) - АД ЕСМ вчера произведe 13.111 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.
 
Во термоелектраните се произведени 10.301 мегават час, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 2.810 мегават часови, покажуваат податоците од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 24 март 2023 година. лв/фф/

Остани поврзан