Изјава на Фисник Меља, кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Дебар (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)
- Кандидатот за градоначалник од ВРЕДИ, поддржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Фисник Меља остварувајќи го правото на глас порача до граѓаните да гласаат со љубов и доверба за подобра иднина на Дебар.
Дебар, 2 ноември 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник од ВРЕДИ, поддржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Фисник Меља остварувајќи го правото на глас порача до граѓаните да гласаат со љубов и доверба за подобра иднина на Дебар.
-Денес гласав со доверба за Дебар што го сакаме. Ги повикувам сите граѓани да излезат и да гласаат со одговорност. Секој глас има тежина, секој глас одлучува за нашата иднина. Секој глас е важен, а мојот беше за иднината што ја посакувам за моето семејство и мојот град. Денес е празник на демократијата, ден кога гласот на секој граѓанин има сила да ја обликува иднината. Излезете и гласајте со срце, за трудот, за развојот, за нашиот Дебар. Со љубов и доверба за нашиот горд Дебар, рече Меља.
Тој гласачкото право го оствари на гласачко место 0547/1 во деветолетката „Пенестија“ во Дебар. Во првиот круг тој доби 3227 гласови или 40,08 отсто од излезените 8052 гласачи. вт/вј/
Фото: МИА