• недела, 14 јули 2024

Изјава за медиуми на Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ

Изјава за медиуми на Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ
Скопје, 28 октомври 2021
Денеска пратеничката Марија Георгиевска од редовите на СДСМ даде изјава за медиумите по повод синоќешниот напад на активистите на СДСМ кои делеа флаери во Општина Карпош од страна на криминална вооружена група.
Одговорност ќе има, очекуваме брза разрешница и најстрога санкција за напаѓачите.
Во продолжение интегралниот текст од обраќањето на Георгиевска:
„Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Синоќа овдека во Влае остатоците од режимот го покажаа своето вистинско, насилничко и криминогено лице. Активисти на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата овде пред кафулето Кино Влае беа нападнати од криминална вооружена група, пришто еден наш активист е пресечен со нож, а друг има скршена аркада.
Дали е причина за ваквиот крвнички напад овој флаер почитувани граѓани, на кој е објаснета вистината за оваа локација, односно изградбата на зграда од 16 ката на местото на Кино Влае?
Нападот е пријавен во полиција и веќе е составен записник по што очекуваме и брза разрешница и најстрога санкција за напаѓачите.
Ваквото насилство е одраз на страв и паника од убедливиот пораз што ги очекува нашите политички опоненти овдека во Карпош во недела.
На 31 октомври во недела да се обединиме за Карпош да продолжи да се модернизира, да се развива по европски терк. Да не дозволиме подземјето насилниците и урбаната мафија да владеат во Карпош.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан