• сабота, 21 декември 2024

Изречени 146 сообраќајни прекршоци во Скопје

Изречени 146 сообраќајни прекршоци во Скопје

Скопје, 10 февруари 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 146 мерки. За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 24 санкции, а 16 мерки за возење без возачка дозвола. Изречени се 14 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Од МВР соопштија дека се изречени осум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за непрописно престројување на возила.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението на МВР. бт/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан