• четврток, 25 јули 2024

Израел подготвен да ја продолжи војната, ќе ја испитува разузнавачката служба за пропустите

Израел подготвен да ја продолжи војната, ќе ја испитува разузнавачката служба за пропустите

Тел Авив, 28 ноември 2023 (МИА) - Началникот на Генералштабот на израелската армија (ИДФ), потполковник Херци Халеви денеска изјави дека армијата и сега е подготвена да продолжи со борбите во Газа и се осврна на можни пропусти на разузнавачката служба кои го овозможиле нападот на Хамас на 7 октомври, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Денес ИДФ е подготвена да продолжи со борбите. Ние го користиме прекинот на огнот за учење, јакнење на подготвеноста и одобрување оперативни планови за времетраењето на прекинот на огнот“, рече Халеви.

Тој додаде дека армијата се подготвува да го елиминира Хамас, но дека тоа е цел за која е потребно време. Халеви оцени дека израелските операции во Газа се целосно оправдани и додаде дека ослободувањето на заложниците е потврда за успешноста на акциите на армијата, кои нема да запрат додека сите заложници не бидат ослободени.

Коментирајќи ги обвинувањата дека високо рангирани војници ги игнорирале предупредувањата од нивните подредени пред нападот на Хамас, поручникот рече дека сè ќе биде истражено по завршувањето на конфликтот и дека секој офицер ќе биде сослушан.

„ИДФ, вклучително и Управата за воено разузнавање, потфрлија на 7 октомври. Ќе има детална истрага, но моментално мораме да се фокусираме на војната“, заклучи Халеви. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан