• сабота, 21 септември 2024

Израел соопшти дека во нападот во Бејрут загинале околу 10 команданти на Хезболах

Израел соопшти дека во нападот во Бејрут загинале околу 10 команданти на Хезболах

Тел Авив, 20 септември 2024 (МИА) – Портпаролот на израелската армија на арапски јазик Авичаи Адраи изјави дека неколку други команданти на Хезболах се убиени заедно со Акил во денешниот напад во Бејрут.

Како што јави АЛ Џезира, либанската група се уште не ги коментирала воздушните напади.

Либанските здравствени власти соопштија дека во нападот загинале девет лица, меѓу кои и деца. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан