• недела, 22 декември 2024

Израел изврши напади врз Дамаск

Израел изврши напади врз Дамаск

Тел Авив, 24 октомври 2024 (МИА) - Израел рано утринава изврши напади врз сирискиот главен град Дамаск, јавија сириските државни медиуми.

Експлозии се слушнаа над градот откако Израел нападна станбена зграда во областа Кафр Соуса, во центарот на Дамаск, објави државната новинска агенција САНА.

Засега нема извештаи за жртви, а Израел вобичаено не ги коментира конкретните извештаи за напади во Сирија.

Израел со години изведува напади врз цели поврзани со Иран во Сирија, но ги засили нападите по нападот врз Израел на 7 октомври од страна на палестинската милитантна група Хамас минатата година.сд/

фото. МИА архива

Остани поврзан