Мелони: Израел мора веднаш да ја запре кампањата во Газа и да ги заштити цивилите
- „Израелскиот одговор доби неприфатливи форми и мора веднаш да престане, заштитувајќи го цивилното население“, рече Мелони .
Рим, 5 јуни 2025 (МИА) - Израел мора веднаш да ја запре кампањата во Газа и да ги заштити цивилите во палестинската енклава, изјави денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони.
„Израелскиот одговор доби неприфатливи форми и мора веднаш да престане, заштитувајќи го цивилното население“, рече Мелони .
Италијанската влада долго време изразуваше поддршка за Израел, но италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани минатата недела изјави дека континуираниот напад на Израел врз Појасот Газа станал неприфатлив и мора веднаш да престане. зш/