• среда, 24 јули 2024

Израелски власти: Нема индикации дека балистички ракети се лансирани кон Израел

Израелски власти: Нема индикации дека балистички ракети се лансирани кон Израел

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Засега нема информации дека балистички ракети биле лансирани од Иран кон Израел, изјавиле претставници на израелските власти за медиумите на хебрејски јазик.

Претходно, извор за иранската државна новинска агенција изјави дека Техеран го лансирал својот прв бран балистички ракети против Израел. Според безбедносни извори, на таквите проектили би требало да им бидат потребни околу 11-12 минути за да стигнат до Израел, а тврдењето е изнесено пред повеќе од половина час.

Извор за иранската државна новинска агенција претходно изјавил дека Техеран го лансирал својот прв бран балистички ракети против Израел.

Според воениот известувач на ИРНА, ИРГЦ соопштиле дека нивните воздушни сили истрелале „десетици проектили врз одредени израелски цели во окупираните територии“. јт/

Остани поврзан