• петок, 22 ноември 2024

Израелските лекари на мета на противниците на вакцините

Израелските лекари на мета на противниците на вакцините
Тел Авив, 10 март 2021 (МИА) - Синдикатот на медицинските работници во Израел бара истрага откако лекарите добиле закани од противницицте на вакцините. Професорката Галија Рахав, член на Комисија во израелското Министерството за здравство за вакцини добила закани од антиваксерите , меѓу кои и „Галија, се надевам и се радувам на денот кога Бог ќе те однесе дома“, а во друга порака ја опишуваат како „идниот сосед на Хитлер во пеколот“. И Шерон Алој-Прајс, раководителка на Одделението за јавно здравје исто така добила заканувачки пораки на социјалните мрежи. Додека на епидемиологот Хагеј Левин му се заканувале по телефон и преку социјалните мрежи и го споредувале со нацистичкиот воен злосторник Јозеф Менгеле, кој експериментираше врз луѓе. - Јас потекнувам од семејство кое го преживеа од холокаустот, и дефинитивно е многу вознемирувачко кога ќе ми кажат: „Ти си полош од Менгеле“, изјави Левин за израелските медиуми. Додека други лекари се неосновано обвинети дека имаат финансиски интереси во фармацевтските компании што ги произведуваат вакцините. Израелското Министерство за здравство ги осуди заканите како срамни. Додека Томер Лотан од Министерството истакна дека заканите се скандалозни. Ова е опасна црвена линија што не смее да се премине, истакна Лотан. ми/

Остани поврзан