• сабота, 20 декември 2025

Израелскиот министер за одбрана го посети Споменикот на Холокаустот во Берлин

Израелскиот министер за одбрана го посети Споменикот на Холокаустот во Берлин

Берлин, 29 септември 2023 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант го посети Споменикот на Холокаустот во Берлин на крајот од неговата прва официјална посета на германската престолнина, јави ДПА.

Заедно со својот германски колега, Борис Писториус, тој денеска на самото место се сретна со преживеаните од Холокаустот. Двајцата министри потоа положија венец и запалија свеќи во спомен на жртвите. Меморијалот го одбележува споменот на околу 10.000 Евреи кои нацистите ги одвеле оттаму со воз и ги однеле во концентрациони логори. Мајката на Галант, Полјачка која го преживела Холокаустот, почина во мај на 88-годишна возраст.

Галант вчера во Берлин потпиша меморандум за разбирање со Писториус за поблиска соработка меѓу двете земји во областа на безбедноста. Склучен е и уште еден дополнителен договор, кој ќе овозможи да започне производството на израелскиот противракетен одбранбен систем Arrow 3 за Германија. Тој треба да биде оперативен за околу две години и да обезбеди заштита на Германија и на нејзините соседи од ракети со среден дострел. Германија одлучи да го купи системот за противракетна одбрана како одговор на руската војна во Украина. ссм/

Остани поврзан