• сабота, 27 јули 2024

Израелскиот воен кабинет им наложи на преговарачите за заложниците да продолжат да се обидуваат

Израелскиот воен кабинет им наложи на преговарачите за заложниците да продолжат да се обидуваат

Тел Авив, 23 мај 2024 (МИА) – Воениот кабинет на Израел му наложи на преговарачкиот тим да продолжи со напорите за да се обезбеди ослободување на заложниците, јавија израелските медиуми рано утрово, повикувајќи се на изјава од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Воениот кабинет претходно заседаваше четири часа.

Бидејќи Израел и палестинската милитантна организација Хамас не преговараат директно едни со други, Египет, Катар и САД дејствуваат како посредници во војната во Газа.

Последната рунда преговори заврши без резултати. Оттогаш, разговорите се заглавени.

Во терористичките напади на Хамас и други екстремистички групи во израелската погранична област на 7 октомври минатата година, беа убиени околу 1.200 луѓе, а повеќе од 200 луѓе беа земени како заложници во Газа.

Нападите предизвикаа израелска воена офанзива во крајбрежниот регион, во која досега се убиени повеќе од 35.700 луѓе, според здравствените власти во Газа. Повеќето од жртвите се жени и деца.

Бројката, која е речиси невозможно да се потврди независно, се смета за главно веродостојна од ОН и организациите за човекови права, напоменува ДПА. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан