• понеделник, 29 април 2024

Израелска служба за итни случаи: Нема извештаи за повредени директно од иранските напади

Израелска служба за итни случаи: Нема извештаи за повредени директно од иранските напади

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Нема извештаи за повредени луѓе директно од иранските напади, соопшти израелската служба за итни случаи, јави Си-Ен-Ен.

Сепак, службата за итни случаи Маген Давид Адом (MDA) соопшти дека била повикана да интервенира кај вкупно 31 лице кои претрпеле полесни повреди додека се движеле кон засолништа и кои претрпеле напади на паника за време на нападите со дронови и проектили.

Претходно, МДА соопшти дека однела седумгодишно девојче во болница, кое се здобило со тешка повреда на главата поради шрапнел од проектил пресретнувач што бил лансиран за пресретнување на иранска ракета. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан