• сабота, 27 јули 2024

Израелска одбрана: Повеќе од 100 ирански дронови биле пресретнати од САД и Велика Британија надвор од Израел

Израелска одбрана: Повеќе од 100 ирански дронови биле пресретнати од САД и Велика Британија надвор од Израел

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Официјален претставник на израелската одбрана за военото радио изјавил дека повеќе од 100 ирански дронови веќе се пресретнати вон израелскиот воздушен простор, од стотиците истрелани кон Израел.

Како што пренесе Тајмс оф Израел, во извештајот се вели дека дроновите биле соборени од САД и Велика Британија.

Претходно, ИДФ соопшти дека идентификувала повеќе од 100 беспилотни летала кои се упатуваат кон Израел. јт/

Остани поврзан