Израелската војска ги примила телата на четворица мртви заложници што ги држеше Хамас во Газа
- Израелската војска соопшти дека ги примила телата на четири мртви заложници што ги држеше Хамас во Газа, објавија светските агенции.
Ерусалим, 13 октомври 2025 (МИА) - Израелската војска соопшти дека ги примила телата на четири мртви заложници што ги држеше Хамас во Газа, објавија светските агенции.
Се очекува палестинската група да ги врати телата на вкупно 28 мртви заложници во Израел како дел од договорот за прекин на огнот, иако сè уште не е јасно кога ќе бидат испратени останатите.
Израелската војска соопшти дека во моментов ги транспортира телата на израелска територија за идентификација.
Војската соопшти дека засега нема да ги објави имињата на мртвите заложници и ја повика јавноста да биде трпелива и да почека да заврши официјалната постапка за идентификација во Националниот центар за судска медицина. мс/
фото: ЕПА