• четврток, 26 март 2026

Израелската армија уништи поранешна болница во Газа

Израелската армија уништи поранешна болница во Газа

Тел Авив, 21 mart 2025 (MIA) - Израелската армија соопшти дека уништила поранешна болница во Појасот Газа.

-Болницата за турско-палестинско пријателство во Нецарим ја користеа кадри на Хамас, изјави денеска за израелските медиуми портпаролот на вооружените сили.

Хамас, велат Израелците, го претворил во „терористичка инфраструктура“. Војската од воздух погоди група членови на Хамас во зградата, додаде портпаролот.

Сепак, видеата што кружат на интернет сугерираат дека болницата веројатно била уништена од контролирана експлозија, според извештајот на весникот „Тајмс оф Израел“.

Болницата е изградена и финансирана од турска државна организација.

Самата болница не работи повеќе од една година. Израелската војска, исто така, ја користеше зградата како база во различни периоди за време на конфликтот. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан