• сабота, 22 јуни 2024

Израелската армија продолжува со нападите врз Газа, додека растат тензиите на границата со Либан

Израелската армија продолжува со нападите врз Газа, додека растат тензиите на границата со Либан

Ерусалим, 14 јуни 2024 (МИА) - Израелската армија денеска продолжи со нападите врз Појасот Газа, особено централниот дел на опколената палестинска територија, во време кога нема напредок во мировните преговори со екстремистичкиот Хамас и додека расте тензијата на северната граница на Израел со Либан.

Во болницата „Ал Акса“ во градот Деир ал Балах во центарот на Газа, луѓето се собраа околу телото на 11-годишното момче кое беше убиено во бомбардирањето на блискиот бегалски камп Буреиџ.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска потврдија дека војниците ги продолжуваат операциите во центарот на Газа, каде воени авиони погодија група екстремисти и „екстремистичка структура“ во областа Зејтун.

Исто така, соопштено е дека артилерија и авиони го гаѓале местото од кое синоќа беа истрелани проектили од северна Газа кон јужен Израел. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан