• четврток, 23 мај 2024

Израелски војници осудени за злоставување Палестинец

Израелски војници осудени за злоставување Палестинец

Тел Авив, 25 мај 2023 (МИА) - Израелскиот воен суд осуди тројца израелски војници на кратки затворски казни поради злоставување Палестинец и попречување на истрагата за инцидентот, што е ретка казна за припадниците на тие сили.

Стотици случаи на палестински луѓе убиени од израелските сили не се ниту истражени, ниту казнети, а организациите за човекови права редовно го обвинуваат Израел за покренување постапка само за дел од злосторствата што израелските војници наводно ги извршиле врз Палестинците.

Израелската армија завчера соопшти дека војниците се осудени за злоставување, а трет е дополнително осуден за пречекорување овластувања и загрозување на животот или здравјето на човек.

Во обвинението се наведува дека тројца војници, како и четвртиот, го зеле Палестинецот со воено возило и го однеле на непознато „далечно место“.

За време на возењето и по него, врз жртвата било употребено насилство и таа била оставена на оддалечена локација, се наведува во соопштението.

Двајца војници се осудени на 60 дена затвор поради злоставување, додека третиот е осуден на 40 дена за пречекорување на овластувањата и загрозување на животот или здравјето на Палестинец.

Сите се деградирани и осудени на дополнителни условни казни за попречување на судска постапка, се вели во соопштението.

Четвртиот војник, обвинет за напад, злоставување под отежнати околности, закани и дополнителни кривични дела, се уште чека судење. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан