• недела, 22 декември 2024

Системот Амбер aлерт во САД спаси 1.200 деца

Системот Амбер aлерт во САД спаси 1.200 деца

Њујорк, 26 јули 2024 (МИА) - Системот Амбер алерт во САД, од пред речиси три децении кога беше воведен во спомен на киднапираната и убиена девојка Амбер (9), до крајот на 2023 година спаси 1.200 детски животи, пренесуваат американските медиуми и потсетуваат на важноста на тој систем. 

Преку овој систем, кој укажува дека детето е во опасност, јавноста се мобилизираше во пронаоѓањето на исчезнатите деца.

Кога станува збор за САД, тој се спроведува и во областа Колумбија, Порторико, Девствени Острови. Заклучно со 31 декември 2023 година, беше клучен за спасување на 1.200 деца, пренесува Њујорк пост. паг/

 

 

Остани поврзан