Изложба на македонскиот стрип во Косово
- Во Домот на културата во Урошевац, Косово, вчера беше претставена изложба на македонски стрип автори, пријавени преку јавен повик и обезбедени авторски права.
Велес,16 ноември 2022(МИА) - Во Домот на културата во Урошевац, Косово, вчера беше претставена изложба на македонски стрип автори, пријавени преку јавен повик и обезбедени авторски права.
Од застапените македонски стрип мајсотри се претставија: Игор Јовчевски, азар Ангелков, Илко Стојановски, Оливер Цветковски, Васил Гаврилов, Дарко Богданов, Александар Цакоски, Славица Купенкова, Александра и Максим Ристески, Душица Димитровска, Катерина Тери Николовска, Мирко Бојаџиевски, како и младите стрип автори Анастасија Недељковска, Евгенија Трајковска, Ѓургица Варела, Ана Марија Стефаноска, Јана Бутеска, Мартина Величковска, Ангела Ајтовска, Елена Апостоловска и Софронија Шарламанов.
Како сценаристи на изложбата беа застапени Ване Трајков и Александар Стеванов.