• петок, 22 ноември 2024

Изложба на кино-плакати во Охрид по повод Денот на Државниот архив

Изложба на кино-плакати во Охрид по повод Денот на Државниот архив

Охрид, 1 април 2024 (МИА) – Со документарната изложба „Промотивен материјал од прикажани проекции на филмови во кино ‘Охридско Езеро’ за период 1939-1941 година“ подрачното одделение на Државниот архив во Охрид ќе го одбележи 1 Април - Денот на Државниот архив.

На изложбата охриѓани и сите посетители на градот ќе имаат можност да се запознаат со рекламниот материјал (плакати) од филмската продукција на познати светски класици, од фондот на Никола Герман.

Урбаната изложба ќе биде поставена денеска и утре на плоштадот кај „Мини маркет“ во Охрид, во периодот од 10 до 15 часот. аб/дма/

Фото: Плакат

 

Остани поврзан