• понеделник, 22 јули 2024

Изложба „Лица на револуцијата“ во МАНУ

Изложба „Лица на револуцијата“ во МАНУ

Скопје, 30 септември 2023 (МИА) - „Лица на револуцијата“ е насловена изложбата на необјавени портрети од Македонски револуционери во Организација на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ која ќе се одржи вечер во 19 часот во Македонска академија на науките и уметностите.

На изложбата ќе бидат изложени фотографии од приватни колекции на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски на македонските револуционерни икони Јане Сандански, Ѓорче Петров, Христо Батанџиев, Димо Хаџи Димов, Христо Чернопеев и други значајни ликови, како и фотографии кои го документираат учеството на македонските револуционери во Балканските војни, Првата светска војна и меѓувоениот период.

Обраќање на изложбата ќе имаат Академик Љупчо Коцарев, професор д-р Никола Жежов и м – р Мими Ѓоргоска Илиевска.

- Во година кога се одбележуваат 120 години од смртта на Гоце Делчев 120  години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната македонска револуционерна организација, Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ организира ексклузивна патувачка изложба на необјавени фотографии од македонски револуционери, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Свеченото затворање на изложбата ќе биде на 23 октомври во Битола, на Денот на македонската револуционерна борба. ар/ев/

ФОТО/ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан